12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна попустот на flydubai

Започна попустот на flydubai

Flydubai Boeing 737-800

Авиопревозникот го најави првиот глобален попуст од 30%

Flydubai го лансираше својот прв попуст на целата мрежа, нудејќи 30 отсто пониски цени за корисниците на бизнис и економската класа, кои патуваат до Дубаи и други селектирани локации. Корисниците кои планираат да патуваат меѓу 1 октомври 2015 година и 30 јуни 2016 година и ќе ги резервираат своите летови пред 20 септември, ќе добијат 30 отсто попуст.

Со својата флота од 49 модерни Боинг 737-800 авиони, flydubai оперира околу 1.600 летови неделно, до повеќе од 90 дестинации во 45 држави, создавајќи мрежа која ги спојува земјите од Персискиот залив, Блискиот Исток, Африка, Кавкаските земји, Централна Азија, Европа, како и Индија.

baa

Дубаи е на крстосницата на истокот и западот и во срцето на динамичната глобална индустрија, поврзува луѓе со различно потекло и култура. Дубаи е исто така космополитска оаза, футуристички град кој се издигнува над Арапската пустина. Од шопинг центри и ски патеки на затворен простор, до пустинско сафари и највисоката зграда на светот, Дубаи е град кој нуди атракции подеднакво за целото семејство, како и за патувачките ентузијасти.

Flydubai се посветени на обезбедување за своите патници подобро патувачко искуство, преку понуда на поголем избор и флексибилност. Бизнис класата на flydubai нуди уште поудобно и полично искуство во летањето, додека пак популарната и пристапна економска класа на авиопревозникот продолжува да им овозможува на сè поголем број луѓе можност да патуваат до повеќе места почесто, додека плаќаат помалку.

bbc

Резервирајте пред 20 септември и летајте до вашата посакувана дестинација за 30 отсто помала цена. Летовите може да се купат од веб страницата на flydubai (flydubai.com), контакт центарот на компанијата (+389 2 3211 133), продажните центри на flydibai, или преку агенциите-партнери на flydubai. Ве молиме посетете ја страницата flydubai.com за целосните Услови на користење.

Flydubai оперира со 2 лета неделно меѓу Скопје и Дубаи.

За распоред на летови, ве молиме посетете ја: http://www.flydubai.com/en/plan/timetable/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП