16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на извештајот по контролата на македонските оператори со храна од животинско...

Презентација на извештајот по контролата на македонските оператори со храна од животинско потекло

месо-месари

Детали од Извештајот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација, по извршената контрола на македонските оператори со храна од животинско потекло кои пројавија интерес да извезуваат на пазарот на Руската федерација, ќе бидат соопштени во среда.

Деталите ќе ги соопшти Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски, кој во присуство на претставници на Македонско-Руската стопанска комора и Општина Свети Николе, ќе ја посети месната индустрија МИК “Свети Николе” во Свети Николе.

Презентирани ќе бидат и идните активности за отстранување на детектираните недоследности со извршените контроли од страна на претставниците на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација по кои во соработка со Агенцијата треба да постапат компаниите во наредните 60 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП