2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Стабилен раст на водечките светски економии

ОЕЦД: Стабилен раст на водечките светски економии

oecd-oecd-oooooo

Економските активности на подрачјето на Организацијата за економска соработка и развој(ОЕЦД) бележат стабилен раст, иако се надзира запирање во повеќето големи економии, покажа во вторник објавениот месечен извештај.

На ниво на ОЕЦД сложениот индекс на активности(ЦЛИ), скроен за да регистрира евентуални промени во економските трендови, изнесувал во јули 100 бодови, што значи дека бил во висина на долгорочниот просек. Во јуни индексот изнесувал 100,1 бод.

Истражувањето сигнализира подзапирање на растот во Канада, Велика Британија и САД, додека индексот за еврозоната сигнализира, пак, стабилен раст, што посебно важи за Германија и Италија, се истакнува во извештајот.

Поизразено се влошени шансите за Кина, а поблаго влошување има во случајот со Русија. Слаб раст би требало да забележи и Бразил, утврдиле од ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП