2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската монархија побогата од кога и да е

Британската монархија побогата од кога и да е

bri

Еден ден пред кралицата Елизабета Втора и официјално да стане владетелка со најдолг стаж во историјата, британската монархија е побогата од кога и да е претходно, Reuters.

Анализата на агенцијата покажува дека британската монархија профитирала од растот на цените на недвижнините, последните децении. Имотите на британската монархија се проценети на околу 22,8 милијарди фунти.

Тоа британското кралско семејство не го искачува на листата десет најбогати во светот која ја предводи Бил Гејтс, но би ја вброило меѓу најимотните дваесет. Вредноста на вкупниот кралски капитал може да се спореди, на пример, со богатствата на Мајкл Блумберг или на основачот на Facebook, Марк Цукерберг, пишува Reuters.

Процената на богатството на британската монархија, меѓутоа, ја компликува фактот дека дел од имотите се во приватна сопственоста на кралското семејството, а дел во сопственост на државата.

Во анализата не влегле, на пример, раскошните кралски резиденции, како Бакингем, Виндзор и Балморал, кои е невозможно да се проценат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП