2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопскиот Аква-парк со најуспешна сезона

Скопскиот Аква-парк со најуспешна сезона

akva

Аква-паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ оваа година може да се пофали со продадени близу 42 000 влезници, што е убедливо најдобра сезона откако почна со работа.

На 10-ти јуни најзабавниот парк во градот, ја започна својата сезона за 2015 – та и беше планирано истата да заврши на 10 септември, но поради падот на температурите, од СЦ Борис Трајковски информираат дека истата завршува на 9 септември, така што денес е последниот работен ден за оваа сезона.

Посетителите и оваа сезона можеа да ги користат десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река и слично. Аква-паркот оваа сезона работеше секој ден од 10 до 20 часот, а за за безбедноста на посетителите и годинава се грижеа 36 спасувачи од Црвен крст.

Само за потсетување, билетот за Аква Парк чинеше 300 денари, а како новина се понуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години изнесуваше 200 денари, а влезница за деца под 4 години секако беше бесплатна. За групни посети над 30 лица се одобруваше попуст од 30%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП