4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 49 долари, товар Кина

Цената на нафтата под 49 долари, товар Кина

nafta 35

Цената на нафтата падна денеска на светските берзи, притисната од падот на кинеските берзански индекси, посилниот долар и прекумерното снабдување, со намален обем на тргување поради празникот во САД.

На лондонската берза цената на барелот го заклучи тргувањето во минус 75 центи во однос на претходното затворање, на 48,86 долари. Во петок тргувањето го заклучи во минус 2,1 отсто. И во електронското тргување во САД, каде берзите се затворени поради празник, со барелот се тргуваше по 70 центи пониска цена во однос на претходното затворање, од 45,35 долари. Во петокот тргувањето го заклучи во минус 1,5 отсто.

На крајот на минатата недела цената на нафтата ја потопи неочекувано силниот скок на залихите во САД во претходната недела, за дури 4,7 отсто, потиснувајќи ги во втор план податоците за намалениот број на активни ископини во САД.

Во понеделникот повторно во центарот на вниманието достигна Кина поради падот на водечките берзански индекси со оглед дека инвеститорите по четиридневниот празник кон крајот на минатата недела повторно ќе тргне во продажба, а регулаторите најавија дополнителни ограничувања во тргувањето.

„Изутрината цената на нафтата реагираше само на збиднувањата во Кина“, заклучи Бјорн Шилдроп од норвешки SEB, додавајќи дека се занемарени охрабрувачки вести од европските берзи за акции, повисоките цени на металите и намалување на бројот на активни ископини во САД.

Во центарот на вниманието е прекумерното снабдување, пред се поради неочекуваниот силен скок на залихите во САД во минатата недела. Токму овој фактор предизвика 60–отстотен пад на цената на нафтата во однос на минатогодишниот јуни, а во изминатите недели загриженост предизвикува  и забавувањето на кинеската економија.

Товар на цените на нафтата на почетокот на неделата беше и силниот долар, кој ја поскапува нафтата, а со тоа ја придушува и побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП