2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го намали трговскиот дефицит за 63,1%

Грција го намали трговскиот дефицит за 63,1%

tr deficit

Трговскиот дефицит на Грција е намален во јули за 63,1 oтсто, затоа што воведувањето на контролата на капиталот во земјата, значително го намали увозот.

Во исто време, од почетокот на годината до крајот на јули дефицитот во размената со светот е за 19,5 проценти помал во споредба со минатата година.

Грчкиот трговски дефицит во јули изнесуваше 714,9 милиони евра во однос на 1,93 милијарди евра од истиот месец од минатата година, што е пад од 63,1 oтсто, додека во периодот јануари-јули изнесуваше 9,97 милијарди евра во однос на 12,39 милијарди евра во споредба со периодот од 2014-та, покажа месечниот извештај на грчкиот завод за статистика.

Вредноста на увозот во јули изнесуваше 3,02 милијарди евра во споредба со увозот од 4,44 милијарди евра во истиот месец од минатата година, што е 32-процентен пад. Извозот во истиот месец вредел 2,30 милијарди евра во однос на 2,51 милијарди евра во јули 2014-та, што е пад од 8,0 процентни поени.

Во периодот јануари-јули, вредноста на увозот била 25,30 милијарди евра наспроти 28,14 милијарди евра во првите седум месеци од минатата година, додека вредноста на извозот изснесува 15,32 милијарди во споредба со 15,75 милијарди евра од истиот период од лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП