4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавјаните од земјите од Западен Балкан нема да може да сметаат на...

Државјаните од земјите од Западен Балкан нема да може да сметаат на азил во ЕУ

zapaden balkan 222

Сите земји од западен Балкан и Турција ќе бидат ставени на листата на безбедни земји, што значи дека граѓаните од овие земји нема да можат да добијат азил во ЕУ, се дознава од извори на Европската комисија (ЕК).

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер би требало во среда во Европскиот парламент да претстави пакет мерки што вклучуваат дополнување на пописот на безбедни земји и квотите за распределба на 120.000 бегалци по земјите членки, кои во моментот се наоѓат во Италија, Грција и Унгарија.

На пописот би требало да се најдат сите земји од западен Балкан – БиХ, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија, како и Турција. За граѓаните од овие земји се предвидува забрзана постапка за разгледување на нивните барања за азил и брза депортација на повеќето од нив во татковината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП