4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманското индустриско производство закрепна во јули

Германското индустриско производство закрепна во јули

0,,15628952_303,00

Индустриското производство во Германија порасна во јули со најбрзо темпо за седум месеци, поттикнато со силен раст во градежниот сектор, покажуваат податоците што во понеделникот ги објави министерството за економија и енергија.

На месечно ниво производството во јули порасна за 0,7 отсто, најсилно во оваа година.

Министерството воедно ги ревидираше проценките за јули, кои сега покажуваат пад на производството за 0,9 отсто, наместо првично проценетите 1,4 отсто.

Доколку се изземе енергетскиот и градежниот сектор, производството е зголемено за скромни 0,3 отсто. Најмногу скокна нивото на производствени активности во градежниот сектор, за 3,2 отсто, а поизразен раст забележа и енергетскиот сектор.

Набљудувано по одделни категории на индустриски производи, најмногу порасна производството на капитални добра, за 2,8 отсто и на интермедијални добра за 0,8 отсто. Од друга страна, производството на потрошувачки стоки потона за 3,7 отсто.

На годишно ниво целокупното индустриско производство во јули е зголемено за 0,5 отсто, по зголемувањето од 0,9 отсто во претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП