4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија покажува знаци на стабилизација

Кинеската економија покажува знаци на стабилизација

kinagbety54

Потрошувачката на енергија, железничкиот сообраќај и пазарот на недвижности покажуваат знаци на подобрување, констатираше во понеделникот кинеската државна агенција за економско планирање, прогнозирајќи дека државните поттикнувања во наредните месеци ќе вродат со конкретни плодови во економијата.

Во наредните месеци државните поттикнувања, вклучително и пониските каматни стапки, поттикнувањата за пазарот и мерките за намалување на долгот на телата на локалната самоуправа, ќе дадат резултати во економијата и ќе го поттикнат растот, констатира Државната комисија за развој и реформи (NDRC).

„Потрошувачката на енергија, железничкиот промет и пазарот на недвижности во август, сигнализираат стабилизација на економијата во услови на силни осцилации“, утврди NDRC.

Во просек вкупната потрошувачка на енергија во август се зголемила за 2,47 отсто во однос на истиот период лани, најсилно во оваа година, а исто темпо на раст требаше да продолжи и во септември.

Просечниот обем на дневен железнички сообраќај е зголемен во однос на јули за 1,6 отсто, известија од NDRC.

Кинескиот извоз веројатно во август повторно ќе порасне, по остриот пад од 8,3 отсто во минатиот месец.

„Се очекува стабилен раст на економијата и остварување на зацртаните годишни стапки на раст“, се додава во соопштението.

Низата послаби економски показатели во последно време и остриот пад на пазарот на недвижнини поттикнаа стравување од нагло забавување на кинеската економија и ги загрижија пазарите ширум светот.

Економијата во првата половина од годината порасна за седум отсто, а во рамки со владините планови за оваа година.

Одделно државното биро за статистика во понеделникот ги ревидираше надолу податоците од минатогодшниот раст на 7,3 отсто, од претходно проценетите 7,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП