17 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИToshiba претстави хибриден уред - Satellite Radius 14 (видео)

Toshiba претстави хибриден уред – Satellite Radius 14 (видео)

tosi 3392

Паралено со „Satellite Radius 12“, „Toshiba“ го претстави и нешто поголемиот „Satellite Radius 14“ лаптоп. Споменатиот уред благодарејќи на посебно дизајнираните шарки може да се постави во пет различни положби, т.е. во „Laptop“, „Tabletop“, „Presentation“, „Audience“ и „Tablet mod“.

Големината на екранот е откриена веќе во името на уред – 14 инчи, а бидејќи преносникот може да се претвори и во таблет, а „Toshiba“ со тоа воедно откри дека станува збор за екран чувствителен на допир. Резолуцијата на екранот би можела да биде голем, но за жал не е, т.е. „Satellite Radius 14“ има дури „HD“ резолуција од 1.366 x 768 пиксели.

Но за среќа, остатокот од спецификации е доволно добар, па резолцијата на екранот и може да се занемари. „Satellite Radius 14“ зависно од желбите на корисникот можно е да биде опремен со процесорите на „Intel“ од „Skylake“ серијата или „AMD“-„A8 APU“.

Во случај купувачот да се одлучи за „Intel“ процесорите, графичкиот дел од работата ќе го извршува интегрираната „Intel“ – „HD 520“ графика, а во случајот со процесорот на „AMD“, графичката „AMD Radeon R5“. „Satellite Radius 14“ поддржува до 16 GB RAM, т.е. може да се опреми со различни комбинации на тврди и „SSD“ дискови.

За добриот звук се грижат „Harman Kardon“ звучниците со „DTS Sound“ технологија. Понатаму, „Toshiba“ вгради и поддршка за „Wi-Fi“, „Bluetooth“ и „WiDi“ технологии. За поврзување надворешни периферии „Satellite Radius 14“ има две „USB 3.0“ порти (со една се поддржува „Sleep & Charge“ функцијата), една „USB 2.0“ порта, како и еден „HDMI“ видео излез со поддршка за екраните со „4K“ резолуција.

„Toshiba“ вгради и читач на мемориски картички (SD/MMC), камера со „HD“ резолуција за видео повици, како и батерија која ги напојува сите компоненти со потребната енерија, најмногу до десет часа. Бидејќи „Satellite Radisu 14“ е дизајниран со „Windows 10“ оперативниот систем, „Toshiba“ овој хибриден уред го опреми и со посебно „Cortana“ копче.

„Satellite Radius 14“ во продавниците ќе се појави уште во текот на оваа година, некаде во четвртиот квартал по цена од 749 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП