3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНишто од руската помош за Кипар

Ништо од руската помош за Кипар

rusija4

Русија ги заврши преговорите со Кипар, но предлозите од кипарската страна не ја заинтересираа Москва, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

„Нивните предлози беа да се отвори државна компанија за пронаѓање на гас во која Русија би можела да инвестира и да биде акционер. Нашите инвеститори го разгледаа овој предлог но не покажаа интерес“, изјави министерот Силуанов.

Според рускиот министер за финансии, не дошло до договор за давање на кредит на Кипар, бидјќи ЕУ одреди висина на долгот на Кипар, а земјата не смее да ја надмине границата, „доколку ние им дадеме кредит со тоа тие ќе го зголемат долгот“, потенцираше тој.

Русија ќе почека да види какво решение ќе даде финансиската тројка (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) и на основа на тоа ќе одлучи за своето учество во реструктуирањето на долгот, соопшти Силуанов.

Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис изјави дека не успеал да ја добие неопходната финансиска помош, објавува агенцијата Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП