4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOPEC ѝ предложи членство на Русија, но Москва одбра да остане набљудувач

OPEC ѝ предложи членство на Русија, но Москва одбра да остане набљудувач

opec russia

Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) и предложи на Русија да стане нејзина членка, но Москва и натаму ќе остане набљудувач, изјави директорот на Роснефт, Игор Сечин.

„Преговорите и размената на мислење помеѓу Руската Федерација и „OPEC“ се многу позитивни, а „OPEC“ и предложи на Русија да стане членка на оваа организација“, рече Сечин.

Тој додаде дека во државите членки на „OPEC“, производството на нафта е во рацете на компании во државна сопственост, додека руската нафтена индустрија е во приватна сопственост, што не е каракеристично за „OPEC“.

Сечин наведе и дека Русија поради климатските услови не може брзо да го прилагодува обемот на производство на нафта.

„Земајќи ги во предвид условите на производство и на соственост, руската влада се согласува со статусот набљудувач во „OPEC““, вели Сечин.

Воедно тој изјави дека Европа и во иднина ќе биде главен потрошувач на руската нафта.

„Несомнено, Европа за нас е главен потрошувач, но растечкиот азиско-пацифички пазар исто така е многу атрактивен“, додава Сечин.

Русија е еден од најголемите светски производители на нафта, моментно црпи над 10,7 милиони барели дневно нафта, што е највисоко производство од распадот на СССР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП