28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет нешта кои ќе ве одведат до успешна работна недела

Пет нешта кои ќе ве одведат до успешна работна недела

Продуктивната работна недела најмногу зависи од тоа на што сте фокусирани секој ден, всушност колку време има посветувате на активностите кои се најважни за доброто работење.

Ако многу работите тоа не значи дека сте најпродуктивни, а на кој начин можете да постигнете да имате попродуктивна работна недела ќе ве научат овие совети:

1. Престанете да планирате, започнете да работите

Освен кога се работи за неделни или месечни планирања, ако планирате во времето кога би требало да работите, работата нема да биде завршена, или ќе мора да ја заврши некој друг. Затоа, не одложувајте туку фрлете се на работа.

2. Не морате да кажете „да“ на секое барање

Како што кажа Ворен Бафет „Разликата меѓу успешните и многу успешните луѓе е што многу успешните велат „не“ на речиси се. Иако многу често е полесно да кажете „да“, секој пат кога ќе се сложите со нешто што не дава добри резултати, губите контрола над распоредот.

3. Не трудете се да бидете перфекционисти

Ако цело време го бркате перфекционизмот, ќе ви треба подолго време да ги изработите задачите и ќе бидете помалку продуктивни. Премногу време ќе потрошите на една задача, па најверојатно несвесно ќе ги занемарите другите одговорности.

4. Запишувајте ги работите

Не се потпирајте многу на меморијата бидејќи може да ве изневери кога најмногу ви е потребно. Наместо да се потпирате на меморијата, запишувајте ги нештата.

5. Завртете се кон достигнувањата и вреднувајте ги

Пред да ја започнете новата работна недела, веднаш откако сте ја завршиле претходната, завртете се на тоа што сте го постигнале, заедно со работите кои сте ги имале во план. На тој начин, ќе научите од грешките и со новите сознанија ќе бидете поуспешни во новата работна недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП