28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас сака промена на договорот со кредиторите

Ципрас сака промена на договорот со кредиторите

cipras, aleksis-cipcip

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас изјави дека тој е во најдобра положба за да го подобри договорот што го постигна со кредиторите, а за кој смета дека е отворен по многу прашања, со можност тој да биде преправен по пат на преговори.

Ципрас оцени дека на претстојните избори, битката е меѓу неговата „чесна“ влада која владееше седум месеци и „мрачниот“ период на корупција и мрежата на моќта, кои провладуваа претходните децении, пренесуваат светските агенција.

Лидерот на левичарската партија Сириза поднесе оставка кон крајот на август, само седум месеци по почетокот на неговиот четиригодишен мандат, во обид да ја победи побуната која настана во неговата партија и да ја зацврсти својата моќ. Предвремените избори во Грција ќе бидат одржани на 20-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП