15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРабота во Германија за 20.000 луѓе од Балканот

Работа во Германија за 20.000 луѓе од Балканот

pojma nemam

Германија, која моментално има слободни дури 600.000 работни места, би можела да овозможи вработување и платена обука за граѓаните од шестте земји од западен Балкан, меѓу кои и Македонија.

Тоа го најави германската министерка за социјални прашања Aндреа Нахлес од „SPD“, говорејќи дека годишно во Германија би можело да влезат повеќе од 20.000 луѓе, ако со себе го земат и своето семејство.

Исто така таа изјави дека на граѓаните од земјите на западниот Балкан сака да им го олесни вработувањето и да им овозможи платена професионална обука во Германија, пренесува „Deutsche Welle“.

„Во Германија моментално има дури 600.000 слободни работни места. Мораме да создадеме контингент за работни дозволи за државјаните на земјите од Западен Балкан. Тоа би била можност да се сопре замрсената ситуација со влез во Германија и депортација“, изјавува Нахлес.

Нејзиниот предлог е во следните пет години, на луѓето од западниот Балкан да им се обезбедат вкупно 20.000 дозволи без оглед на квалификацијата.

Овој предлог се однесува на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Иако во регионот Западен Балкан се сметаат сите земји од бившата СФРЈ, Хрватска е дел од ЕУ, па не спаѓа во таа група.

Услови за добивање на работно место би биле: одобрение од германската Агенција за вработување, конкретна понуда за работно место или професионална обука – со плата на локално ниво.

„Не може со земјите како Босна и Херцеговина и Црна Гора да разговараме за кандидатура во ЕУ, додека истовремено луѓето од тие земји во Германија доаѓаат само преку нашиот закон за азил. Тоа е погрешен пат и го оптеретува системот предвиден за барателите на азил“, наведува министерката.

Нахлес планира и уште некои олеснувања, изјавувајќи дека би требало да се укинат непотребните препреки.

„Со тоа би се ослободила и агенцијата за вработување“, изјави Нахлес, отфрлајќи го укинувањето на таа регулатива.

„Се уште имаме 240.000 млади луѓе кои не успеваат да најдат работа и милион долгорочно невработени. Нив не смееме да ги заборавиме“, додава министерката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП