12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Украина со своите реформи го изненади светот

Лагард: Украина со своите реформи го изненади светот

laga

Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), Кристин Лагард ги поздрави реформите на Киев кои ги покренаа украинските власти, оценувајки дека тоа го изненади целиот свет.

“Многу ме охрабрува остварениот напредок последниве неколку месеци…. Украина го изненади светот”, рече Лагард после разговорот со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Претходната недела Украина постигна договор со доверителите за отплата од 20 отсто од нејзиниот долг, односно околу 3,6 милијарди долари, како и продолжување на рокот на четири години за отплата на 11,5 милијарди долари.

Украина беше на ивица на банкрот. Нејзиниот јавен долг оваа година треба да изнесува 94 отсто од БДП, а надворешниот долг 158 отсто од БДП, поради девалвацијата на украинскта валута-гривна и празната државна каса.

Украинската економија е прилично загрозена од огромната бирократија и корупција. Од април 2014 е дополнително оптеретена поради конфликтот на истокот со проруските бунтовници, каде загинаа повеќе од 6.800 луѓе, а милиони се ранети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП