7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкуваа работниците во Дачија

Штрајкуваа работниците во Дачија

dacia-workers-on-strike-56773-7

Неколку стотина работници штрајкуваа во главната фабрика на Дачија во Романија. Причината за ова е стравот од отпуштање на вработените поради ненавременото потпишување на договорите, но и критиките кон менаџментот поради прекувремената работа.

Според локалните медиуми од работниците е побарано да произведуваат автомобили на секои 40 секунди. Па поради тоа тие стапиле во штрајк, но и поради тоа што нивното покачување на платите кое било игнорирано.

Работниците исто така се пожалиле дека биле малтретирани при секое влегување во фабриката и дека од нив било барано да прават алко-тестови.

Од раководството на Дачија пак било објавено дека нема да им ги исплатат дневнциите на сите учесници на овој нелегален штрајк и најавиле доколку се повтори ќе следат поригорозни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП