27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Мелбурн промовиран романот на Вера Бужаровска „Акчилница“ во превод на англиски...

Во Мелбурн промовиран романот на Вера Бужаровска „Акчилница“ во превод на англиски јазик

мелб

Во книжарницата Reader’s Feast во австралиската метропола Мелбурн, во саботата се одржа промоција на романот „Акчилница“ од македонската писателка Вера Бужаровска, во англиски превод на Пол Филев, а во издание на издавачката куќа „Сагуаро Прес“.

На промоцијата настапи Македонскиот женски хор на Австралија, а за романот зборуваа Пол Филев, Џим Хлавач и Румена Бужаровска.

„Овој моќен автобиографски роман од пораното творештво на Вера Бужаровска го опфаќа нејзиното детство во Битола на почетокот од Втората светска војна, а ги тематизира класните разлики и етничката шареноликост на градот пред депортацијата на Евреите низ призмата на единаесетгодишно девојче“, рече Филев на промоцијата.

Вера Бужаровска (1931–2013) е авторка на повеќе од четириесет прозни и поетски дела, а објавувала и детска литература.

Пол Филев е преведувач, уредник и блогер од Мелбурн. Преведува од македонски, шпански и англиски јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП