6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо штипскиот ЗОО парк бесплатен интернет

Во штипскиот ЗОО парк бесплатен интернет

zoo-wi-fi'

Штипскиот ЗОО парк стана првата бесплатна интернет зона во градот, па така освен бесплатното разгледување на животните, посетителите ќе имаат можност и за бесплатен wi-fi пристап.

„Интернет сигналот го доставуваме од управната зграда и е со доволна јачина да има убав сигнал кај сите кафези со животни“, вели Лазар Нацев во прилогот на Старплус“ на ТВ Стар., информатичар во штипското Јавно претпријатие „Исар“.

За користење на интернет зоната, постапката е многу лесна и едноставна, потребно е само да се напише лозинката „isar2015“ и пристапот на интернет е обезбеден, појасни и Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“.

Со тие дури и во природа, младите штипјани нема да бидат одвоени од социјалните мрежи кои во последните неколку години им се голема преокупација:

„Токму тоа е и нашата намера, со ова да ги привлечеме младите, да излезат во природа да се дружат, а во исто време да останат поврзани на интернет што за нив е многу важно“, посочи рече Драган Стефановски, раководител на ЗОО паркот Штип.

Само во текот на викендите овој единствен ЗОО парк во регионот го посетуваат меѓу 500 и 700 главно млади луѓе. Сега, со достапноста на интернетот нивниот број би требало да биде многу поголем. Со оглед на тоа што е единствен ЗОО парк во регионот, се повеќе станува атрактивен и за организирани тури од истокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП