29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалатасарај во лов на уште една ѕвезда

Галатасарај во лов на уште една ѕвезда

roben

Претседателот на турскиот гигант Галатасарај, Унал Аисал, во својот тим сака да ја доведе една од ѕвездите на Баерн Минхен, Ариен Робен.

Холандскиот репрезентативец има договор со „баварците“ до летото 2015-та година, но според повеќето експерти, тој може да ја напушти „Алијанц Арена“ уште на крајот од оваа сезона.

Галатасарај сака да го користи Робен како лево крило, како што игра и во репрезентацијата на Холандија. Првично таа позиција беше планирана за поранешната ѕвезда на Ливерпул, Алберт Риера, но во меѓувреме тој се наметна како лев дефанзивец. Мароканскиот репрезентативец Нордин Амрабат пак не ги исполнува високите барања и наскоро може да биде заменет од Робен.

Во последната година Галатасарај инвестираше околу 30 милиони евра за нови ѕвезди, привлекувајќи го сонародникот на Робен, Весли Снајдер од Интер, поранешниот играч на Баерн, Хамит Алтинтоп кој дојде од Реал и Дидие Дрогба од кинескиот Шангај Шенхуа.

Фудбалскиот гигант од Истанбул е лидер во турската Супер Лига, а успеа да го елиминира Шалке во осминафиналето од Лигата на шампионите и веќе го чека Реал Мадрид во четвртфиналната фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП