17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска се ослободи од рецесијата, но не и од кризата

Финска се ослободи од рецесијата, но не и од кризата

finskafinlandidj489tu

Финскиот Завод за статистика денес ги ревидираше податоците според кои економијата на Финска во првата половина од годината беше во рецесија.

Меѓутоа, владата во Хелсинки предупреди дека кризата преку која економијата поминува веќе три годни не исчезнала.

Финската економија во вториот квартал порасна за 0,2 проценти, наместо да потоне за 0,4 проценти, како што првично беше проценето, наведува Заводот, а пренесува агенцијата Франс прес.

Бидејќи економскиот резултат од првиот квартал исто така е ревидиран нагоре, Финска повеќе не е во техничка рецесија. Министерството за финансии, сепак, предупредува дека ревизијата е од техничка природа и дека не треба да и се дава големо значение.

„Финансиската прогноза и понатака е доста тмурна. Финска не бележи добри резултати, економскиот раст едвај постои, прогнозата за идната година е многу скромна“, наведува Министерството.

Економијата на Финска тоне веќе три години, со пад на бруто домашниот производ од 1,4 проценти во 2012 година, 1,1 проценти во 2013 и 0,4 проценти во 2014 година.

Финска во текот на 2000 година имаше најголем економски раст меѓу земјите на еврозоната, но нејзината економија започна да чувствува последици од рапидното стареење на жителите и проблемите во бројни економски сектори. Покрај тоа, двата најголеми трговски партнери на Финска, Русија и еврозоната, се борат со сопствени економски проблеми.

Министерството додава дека податоците се ревидирани нагоре делумно поради промените во обемот на трговската размена, бидејќи увозот во вториот квартал е намален за пет проценти во однос на првиот, а извозот истовремено пораснал за 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП