21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата го заклучи тргувањето во Њујорк со пад до 46 долари

Нафтата го заклучи тргувањето во Њујорк со пад до 46 долари

nafta-nafta

Цената на нафтата од марката WTI го заврши тргувањето во петокот на њујоршкиот пазар со пад од 1,5 отсто, на 46,05 долари за барел, реагирајќи на најновите податоци за бројот на бушотините во САД.

Еден од факторите кои влијаат врз динамиката на американскиот пазар во петокот беше објавувањето на неделниот билтен на компанијата за логистика во нафтената индустрија „Baker Hugs“ според кој бројот на активните нафтоносни полиња во САД изминатава седмица се намалил за 13 и во моментов изнесува 662 полиња.

Покрај тоа, според претседателот на брокерската куќа „Excel Futures“ Марк Вагонер, „учесниците на нафтените пазари паузираа во услови кога кинеските берзи беа затворени, а во САД во понеделникот берзите нема да работат поради празникот Денот на трудот“.

„Тоа е причината зошто денеска (петок) обемот на трансакциите беше исклучително низок и никој од инвеститорите не пројави активности. Покрај тоа, сега нема конкретни насоки за тоа како може да се промени сегашната ситуација, кога понудата значително ја надминува побарувачката“, додава Вагонер.

Цената на бензините во САД за испораките во октомври падна за 1, отсто, на 1,4181 долари за галон (или 3,8 литри), додека цената на дизел горивото се намали за 1,4 отсто, на 1,5960 долари за галон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП