27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршена реконструкцијата на повеќе улици во Козле

Завршена реконструкцијата на повеќе улици во Козле

ulici-kozle

Општина Карпош ја реконструираше улицата „Леринска“ во населбата Козле, во должина од 960 метри.

Проектот за реконструкција на улиците, кој вреди два милиони евра, а кој вклучува подземни инсталации, нов коловоз, тротоари, фекална и атмосферска канализација, како и поставување на ново улично осветлување претставува олеснување при движењето за жителите од овој дел на општината.

Првиот човек на локалната самоуправа, Стевчо Јакимовски, за медиумите говореше за инфраструктурата која е во полн ек во општина Карпош.

„Со асфалтирање на улицата „Леринска“, која што е во должина од 960 метри, практично го завршуваме целиот овој блок во Козле, каде што целосно се реконструирани улици токму од овој дел. Изградена е атмосферска и фекална канализација, заменети се рабници и тротоари, заменето е уличното осветлување. Целата инвестиција е околу два милиони евра, а покриени се улицата „Брадфорска“, „Пијанец“, „Крчин“, „Копачка“, „Илија Плавев“, „Стрезово“, „Ловќенска“, краците од улица „Ловќенска“, „Ловќенска 9 и 4“, односно целиот потег на улици, лево од главната улица „Козле“. Со ова, на граѓаните на Козле им се намалуваат проблемите околу фекалната и атмосферската канализација, како и нов асфалтиран коловоз, каде што ќе можат безбедно да возат, со што претставува особено задоволство за овој дел од општина Карпош“, истакна Јакимовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП