4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачки пад на Индустриските нарачки во Германија

Изненадувачки пад на Индустриските нарачки во Германија

ger industri

Во јули Индустриските нарачки во Германија се намалиле за повеќе од очекувањата, сигнализирајќи забавување на растот на најголемата европска економија, посочија податоците.

Нарачките се намалија за 1,4% во јули, откако пораснаа за 1,8% еден месец претходно. Резултатот се покажа далеку под просечните очекувања на аналитичарите за зголемување на индикаторот со 0.6%.

На годишна основа нарачките се намалија за 0,6%, што повторно беше под просечните очекувања. Германските извозници се соочуваат со потенцијална конкурентска закана што доаѓа од Кина, со оглед на обезвреднување на валутата на земјата, која ги прави кинеските стоки уште поконкурентни.

Така германските компании може да се потпрат во многу поголем степен на домашната потрошувачка за потхранување на својот раст. Договорите за извоз се намалени за 5,2% во јули, додека локалното побарување се зголемило за 4,1%, според податоците на германското Министерство за економија.

Нарачките надвор од еврозоната се намалени за 9,5%. Нарачките на стока за широка потрошувачка се намалени за 6,3%, додека оние на инвестициски стоки се намалиле за 1,6%.

Продажбата на најголемиот европски производител на автомобили – „Volkswagen AG“, се намалила во јули на клучните пазари на компанијата, соопштија од нејзината централа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП