19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХонда се враќа во Формула

Хонда се враќа во Формула

Honda_F1_2006_EMS

Претседателот на компанијата Хонда, Таканобу Ито, наведува дека овој производител на автомобили има во план повторно да биде дел од Ф1 циркузот.

Тој исто така наведува дека Хонда веќе започнала со развојот на моторите за тимот на Мекларен. На овој начин соработката на Мекларен и Хонда ќе биде обновена по вторпат во историјата на Формула 1.

Нивната претходна соработка која траеше од 1988-та до 1992-та година даде четири победнички возила во светскиот шампионат, а задолжени за нивното управување беа легендарните Аиртон Сена и Алан Прост.

Оваа јапонска компанија се повлече од Формула 1 кон крајот на 2008-та година, кога својот тим му го продадоа на Рос Браун. Поранешниот шеф на Ферари го промени името во Браун ГП, а тимот веќе следната сезона (2009-та) дојде до титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП