9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгискиот тур оператор „Томас Кук“ започнува со работа во Македонија

Белгискиот тур оператор „Томас Кук“ започнува со работа во Македонија

peshevski-vladimir-pesesese

Еден од најголемите и најстарите тур оператори во Европа, групацијата „Томас Кук“, од наредната година започнува со работа во Македонија, поточно со организација на чартер летови на релација Белгија – Охрид.

Ова денес го најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, при тоа додавајќи дека Владата и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот посветиле многу внимание и труд за привлекување на групацијата „Томас Кук“ во Република Македонија.

„Одржувавме комуникација подолг период со претставниците на компанијата, при што им беа презентирани туристичкиот производ, потенцијалот на Република Македонија како сè уште неоткриена европска туристичка дестинација, како и условите кои ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот и инвестирањето во маркетинг“, рече Пешевски.

Тој појасни дека станува збор за компанија која опстојува на пазарот на туристичките услуги уште од далечната 1841 година, која опслужува над 22 милиона клиенти, а вкупната продажба на нивните аранжмани надминува над 9 милијарди фунти.

„Со овие аранжмански договори се исполнуваат условите за реализација на најавата на компанијата „Томас Кук“ за организација на чартер летови од Кралството Белгија до Охрид, започнувајќи од јули 2016 година, а за почеток ќе има по минимум еден чартер лет. Потпишувањето на овие договори, ќе придонесе да се подобри странскиот организиран туристички промет во државата, директни придобивки ќе имаат сместувачките капацитети, а со приливот на средства од странските туристи дополнително ќе се раздвижи на прво место локалната економија, но и економијата на државно ниво“, реше вицепремиерот за економски прашања.

Пешевски потсети дека во првата половина на 2015 година над 206.000 странски туристи ја посетија Република Македонија, што е за 11,6% повеќе во однос на истиот период лани.

„Бројот, пак, на туристи од Белгија покажува пораст од дури 42% во првата половина на 2015 година, и напорите кои како Влада ги правиме, ќе придонесат за дополнително зголемување на бројот на странски туристи и во втората половина на 2015 и наредната година“, рече Пешевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП