18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит претпазлив пред објавување на извештајот за вработувањето во САД

Волстрит претпазлив пред објавување на извештајот за вработувањето во САД

wall str3020

На Волстрит цените на акциите во четвртокот забележаа благ пораст, благодарејќи на пораката на Европската централна банка (ЕЦБ) дека е подготвена дополнително да ја олабави монетарната политика, но се тргуваше претпазливо поради можното зголемување на каматите во САД.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,14 отсто, на 16.374 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,12 проценти, на 1.951 поен, а индексот Nasdaq, пак, ослаби за 0,35 отсто, на 4.733 индексни поени.

Во еден момент во четвртокот, индексите на Волстрит беа во добивка околу 1 отсто, бидејќи инвеститорите ги охрабрија пораките од Европската централна банка (ЕЦБ). Сепак, лошата вест беше дека челниците на банката благо ги намалија процените за растот на економијата во еврозоната и инфлацијата во оваа и следните две години, но сигнализираа дека се подготвени дополнително да ја олабават и онака извонредно лабавата монетарна политика, доколку тоа биде потребно, што секогаш позитивно влијае на пазарите на капиталот.

Меѓутоа, подоцна на пазарите преовладуваше внимание, бидејќи во петок ќе биде објавен извештајот за вработеноста во САД, кој по правило значително влијае врз насоката на пазарите и би можело да сигнализира дека американската централна банка (Federal Reserve – Fed) ќе ги зголеми клучните каматни стапки.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во август бројот на вработените ќе биде за околу 220.000, слично како и претходниот месец.

Доколку растот на вработеноста, но и дневниците, бидат поголеми отколку што се очекуваше, ќе се засилат шпекулациите за зголемување на каматите од страна на Fed, уште кон средината на септември. Доколку, пак, податокот биде послаб, Fed, сметаат аналитичарите, веројатно ќе го одложи зголемувањето на цените на парите до карјот на оваа или почетокот на следната година.

„Инвеститорите во четвртокот главно се позиционира пред објавувањето на извештајот за вработеноста. По остриот пад на цените на акциите последните седмици, можни се големи поместувања на индексите и нагоре и надолу“, вели Марк Лускини, стратег во компанијата „Janney Montgomery Scott“.

Ако Fed, првпат од 2006 година, ги зголеми каматите од рекордно ниските нивоа од околу нула, пазарот би ја загубил поддршка од евтини пари што со години го поттикнуваше растот на акциите.

Несигурноста на пазарите, исто така, е последица на острото забавување на растот на кинеската економија, што би можело негативно да влијае врз целокупната светска економија.

На претпазливост на вложувачите укажува и потпросечниот обем на тргувањето. На американските берзи сопствениците во четвртокот ги заменија 71, милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните пет дена падна на 8,5 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП