Јапонската банка за меѓународна соработка (JBIC) соопшти дека Јапонија е се поблиску до директна размена на валути со Русија.
Причината за тоа се санкциите од страна на Западот кон Москва, што претставува проблем за работењето низ трансакции во долари.
„Го проучуваме влијанието на намалувањето на вредноста на рубљата. Потребни ни се аранжмани со локалните банки во Русија. Ја истражуваме можноста за соработка со руските банки, како што се „Гаспробанк“, „ВТБ“, „ВЕБ“… Поради американските санкции, ние неможеме повеќе да го користиме доларот, мораме да преминеме на други валути“, вели еден од директорите на „JBIC“, Тадаши Маеда.
Во октомври 2014-та, Народната банка на Русија и Народната банка на Кина потпишаа тригодишен договор за размената на валутите вреден 150 милијарди јуани (околу 23,5 милијарди долари) во склоп со јакнење на финансиската соработка меѓу двете земји, со цел намалување на зависноста од доларот.
Кина е клучен економски партнер на Русија, а нивната билатерална трговија е вредна 88,4 милијарди долари. Москва и Пекинг очекуваат дека до крајот на годината, нивната трговска размена да достигне 100 милијарди долари.