28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботодавците сакаат да вработат потенцијални пријатели

Работодавците сакаат да вработат потенцијални пријатели

bizfriend1

Ако екпертите до сега постојано не предупредуваа дека не е добро да се зближиме со надредените, новото истражување го негираше ова тврдење.

Студијата објавена во Американскиот магазин за социологија, покажува дека е подобро кога на прв поглед, во фазата на запознавање, ќе оставите впечаток на човек кој е целосно подготвен да биде најдобар пријател со неговиот претпоставен.

Во истражувањето биле анкетирани 120 професионалци од различни компании задолжени за вработување, а резултатите од ова истражување покажалe дека работите се промениле.

Изгледа дека многу е поважно да оставите позитивен впечаток, односно оние кои ве интервјуираат да приметат дека вие сте искрена, насмеана, ведра и пријателски расположена личност.

Ова истражување покажало дека работодавците сакаат да ги вработат оние личности со кои можат да комуницираат и да се дружат, а не само оние кои одлично ја обавуваат работата.

Сепак, тоа не значи дека ќе повикаат тотално неквалификувани кандидати кои ќе служат само како нивни пријатели. Личноста треба да ги поседува сите вештини кои ги бара компанијата, но навистина е важно да остави впечаток на потенцијален пријател.

Затоа, слдниот пат кога ќе одите на интервју за работа, заборавете ја тремата и нервозата. Обидете се да бидете опуштени и пријателски настроени, пронајдете заеднички јазик со потенцијалниот работодавец, спријателете се и споделете нешто позитивно. Ако тие увидат дека во вас постои некој кој може да им биде пријател, бидете сигурни дека ќе ве повикаат за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП