18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелеком продолжува под еден бренд, згаснати T-Home и T-Mobile

Телеком продолжува под еден бренд, згаснати T-Home и T-Mobile

Andreas Maierhofer, CEO Telekom Mazedonien,  trifft JournalistInnen aus Mazedonien, Hauptstadtrepraesentanz, Deutsche Telekom AG Berlin, bitte folgende Einschraenkung beachten:  von allen abgebildeten Personen liegt kein schriftlicher Verzicht auf das Recht am eigenen Bild vor

Македонски Телеком објави дека ги згасна двата продуктни бренда T-Home и T-Mobile и воведе еден бренд – Телеком, најавувајќи дека нема да има отпуштања на вработените, а наскоро ќе бидат претставени нови пакети.

Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници и Cloud решенија.

Воспоставувањето на еден бренд има за цел да ги поедностави процесите, во насока на задоволство на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Мајерхофер појасни дека спојување на фиксна и мобилна телефонија е телекомуникациски тренд секаде во светот, особено во Европа, кој има за цел да го поедностави животот на корисниците.

Според раководството на компанијата не е планирано со ребрендирањето да има масовно отпуштање на вработените, чија бројка изнесува 1.386.

„Просецот на реструктуирањето веќе го започнавме пред две години и немаме никакви планови масовно да отпуштаме вработени. Оперативните работи треба да се унифицираат што беше направено дури и претходно, менаџментот исто така беше унифициран, што значи дека спојувањето нема да придонесе за отпуштањето. Вообичаени трансформации секако дека треба да бидат направени“, изјави Мајерхофер на средба со македонски новинари во Берлин.

Од компанијата најавуваат дека наскоро на македонскиот пазар ќе биде промовиран пакетот Magenta-1, кој веќе е промовиран во неколку европски држави, каде бил позитивно примен од корисниците.

Станува збор за ново интегрирано продуктно портфолио кое нуди фиска и мобилна телефонија, интерент ТВ, Cloud сервисинг и воедно ќе ги покрие приватните и бизнис корисниците.

Всушност не станува збор за нова понуда, туку за сосема нов концепт направен според начинот на живеењето и потребите на модерните корисници. Корисникот ќе може според своите потреби да одбере каква услуга и кои количини на услуги ги сака.

Повеќе информации околу овој пакет, како и за неговата цена компанијата ќе објави за неколку недели.

Корсниците на брендот Телеком ќе ги имаат информации и на една веб страница и од еден контакт центар.

Македонски Телеком на 19-ти септември со цел да го прослави брендот Телеком ќе организира голем настан во Скопје за сите граѓани, на кој се најавува голема забава и незаборавно дружење.

Во врска со спојувањето на операторите Вип и Оне, Мајерхофер рече дека од негова гледна точка ова било очекувано.

„Нивните пазарни удели се под критичната точка за да им бидат одржливи инвестициите и затоа мораа да преземат нешто. Со спојувањето добиваат прилично зголемување на пазарниот удел и доаѓаат многу блиску до нас за да станеме на некој начин еднакви. Во секој случај ова е позитивно без разлика на тоа што ќе имаме посилна конкуренција. Не значи дека ако имаме само една компанија како конкуренција, дека конкуренцијата ќе се намали. Позитивно е тоа што ќе има и друга голема компанија, којашто многу ќе инвестира во државата“, рече Мајерхофер.

Тој смета дека спојувањето на конкурентските компании во една во никој случај нема да влијае на раст на цените.

„Било кој од играчите да ја зголеми цената ќе изгуби, она што треба да го направиме е да понудиме повеќе услуги, повеќе пакети, а за нив корисникот треба да плаќа фер и да се насочиме кон сè поголем квалитет на услугата, во никој случај корисниците не треба да очекуваат зголемување на цените“, рече Мајерехофер.

Тој на крајот нагласи дека Македонски Телеком е еден од најголемите инвеститори во Република Македонија и досега има инвестирано околу 730 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП