6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарината заплени околу 90 литри ракија и три литри узо со сомнителен...

Царината заплени околу 90 литри ракија и три литри узо со сомнителен квалитет

rakija je kriva

Царинската управа заплени околу 90 литри домашна ракија и три литри узо без бандероли и со сомнителен квалитет во акција за контрола на продажба на акцизна стока што беше спроведена на територијата на Скопје и Тетово.

Во еден угостителски објект во Тетово е утврдена нелегална продажба на жестоки пијалаци и се одземени околу четири литри алкохолни пијалаци – ракија и узо, додека при контрола на локал во сопственост на физичко лице се откриени и одземени 74 литри домашна ракија.

На територијата на град Скопје во два угостителски објекти се откриени неправилности во поглед на акцизното работење и се одземени вкупно 13.5 литри домашна ракија и два литри узо.

Минатата седмица во иста акција на Царинската управа за контрола на продажбата на акцизна стока беа запленети 100 литри сомнителен алкохол во Дебар, Охрид и Струга, а претходно при контрола на продажбата на акцизна стока на повеќе зелени пазари, како и во малопродажни и угостителски објекти на територијата на Битола, Кичево и Прилеп, привремено се задржани вкупно 251 литар алкохолни пијалаци, од кои 243 литри домашна ракија и 8,3 литри други алкохолни пијалаци.

Контролите се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред се да се заштити здравјето на луѓето. Сите привремено задржани алкохолни пијалаци воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки. Акциите за откривање нелегална продажба на акцизна стока ќе продолжат и натаму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП