2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУченици од ОУ „Браќа Миладиновци“ во Општина Илинден на климатска рехабилитација на...

Ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“ во Општина Илинден на климатска рехабилитација на Пелистер

deca-kugce

Дваесет и пет ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Општина Илинден беа на седумдневна климатска рехабилитација на Пелистер.

Овие дечиња кои се со заболувања на дишните патишта, алергии и анемии, во периодот од 27 август до 2 септември ги користеа благодетите на воздушната бања на планината Баба.

Климатската рехабилитација се ораганизира во соработка со Министерството за животна средина и Здружението на родители за грижа за здраво поколение.

Проектот кој се имплементира четврта година по ред е исклучително важен, бидејќи дечињата кои се со анемија им се подобрува крвната слика, оние кои користат инхалатори, по климатската рехабилитација не ги користат пет до шест месеци, а истотака во рамкте на климатската рехабилитација се реализират прошетки во природата како и едукативни работилници и активности, со кој децата активно го поминуваат својот престојот на Пелистер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП