17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем раст на еврозоната во последните четири години

Најголем раст на еврозоната во последните четири години

evro1

Економијата на еврозоната пораснала во месец август со најсилно темпо во повеќе од четири години, сигнализирајќи отпорност на зголемените економски проблеми во светот и силното евро, кои во идните месеци сепак би можеле да го пригушат растот, предупредува лондонски Маркит.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) за приватниот сектор на еврозоната порасна во август на 54,3 поени, со што лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци во месечниот извештај ја зголеми почетната проценка за неговата вредност за 0,2 поени.

„И покрај зголемените економски проблеми во светот во изминатите недели деловното опкружување во еврозоната е подобрено благодарение на намаленото стравување од излезот на Грција од еврозоната“, истакнува главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон.

Во такво опкружување темпото на раст во еврозоната достигна највисоко ниво во нешто повеќе од четири години, додава Вилијамсон.

Производството е благо забрзано и во производниот и во услужниот сектор, додека приливот на новите нарачки благо забави, поттикнувајќи сепак силно темпо на вработување во еврозоната, утврдија во Маркит.

Меѓу четирите најголеми економии на еврозоната особено се истакна Шпанија, со темпо на раст меѓу најсилните во последните осум ипол години. Активностите повторно забрзаа и во Германија, додека во Италија пораснаа со најсилното темпо за повеќе од четири години. Франција, сепак, повторно разочара, констатираат од Маркит, предупредувајќи на слабеење на активностите поради стагнацијата.

„Сепак, побавниот раст на пазарите во развој и силните осцилации на финансиските пазари во последно време, како и зајакнатото евро, би можеле да ги пригушат резултатите во идните месеци“, предупредува Вилијамсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП