23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays е првата голема банка во САД и Европа која прифаќа bitcoin

Barclays е првата голема банка во САД и Европа која прифаќа bitcoin

bitcoins_1020_large

„Barclays“ до крајот на годинава ќе започне да ја прифаќа виртуелната валута „bitcoin“ како средство за плаќање, доколку некоја друга банка пред неа не стигне да го направи тоа.

Една од најстарите британски банки, со ова ќе стане прва поголема финансиска институција во САД и Европа која прифатила „bitcoins“ пишува „the Sunday Times“.

Многу банки досега го разгледувале прашањето за воведување на „bitcoins“ како средство за плаќање во своите системи, но досега никоја не се осудила на тој чекор. Многу земји досега ја имаат оваа валута прифатено како легално средство за плаќање, но постојат бројни правила за начинот на оданочување, па во некои случаи е легална само за приватна и некомерцијална употреба.

Моментално, еден „bitcoin“ вреди 204 евра.

Можностите за употреба на „bitcoin“ веќе ги истражуваат две посебни одделенија со 75 вработени во „Barclays“ во Лондон. Банката индиректно работи со оваа валута, додека трансакциите засега ќе ги извршува неименувана „bitcoin“ менувачница. Бидејки „Barclays“ на почетокот на оваа година инвестирала во шведската „bitcoin“ компанија „Safello“, се претпоставува дека всушност таа ќе биде менувачницата која ќе работи за банката.

Процесот на прифаќање на „bitcoin“ во „Barclays“ ќе биде бавен. Во текот на првиот период овој вид на платежни средства ќе можат да ги уплаќаат само хуманитарните организации.

Од „Barclays“ истакнуваат дека во оваа фаза нема да прифаќаат директни „bitcoin“ депозити.

„Засега ни еден „bitcoin“ нема да патува низ системот на „Barclays“. Моментално работиме со нашите клиенти од хуманитарните организации, за да го разбереме концептот, како плаќањето со ова средство може да им помогне да соберат средства и да ги финансираат своите потреби“, наведува представник на „Barclays“.

По завршувањето на тест фазата, на сите клиенти на оваа банка би требало да им биде овозможено плаќање со „bitcoins“ од сопствените банкови сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП