5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСептември е вистинското време за донесување на одлуки

Септември е вистинското време за донесување на одлуки

odluka-crossroads-640x330

Дали знаете дека септемвриските одлуки имаат многу повеќе шанси за успех од новогодишните одлуки? Зимскиот период пред Нова година е обично многу стресен и напорен на работа, имате доста обврски и подготовки за празниците, се обидувате да направите годишен извештај и да стигнете да ги фатите попустите по продавниците…

Споредете го тоа со септември. На работа сте подготвени за нови предизвици, само што сте се вратиле од годишниот одмор, свежи и обновени, со желба да напредувате и да подобрите нешто во својот деловен живот. Сончевото време ви помага да имате добро расположение. А неколкуте месеци кои се пред вас до крајот на годината се одлична прилика да го измерите својот напредок и успех кога ќе го прецртате последниот ден на календарот.

Токму поради тоа што огромен процент на луѓе своите одлуки (т.н резолуции) ќе ги напуштат во текот на првите две недели, корисно е да примените некои од следниве совети. Еве како да направите своја септемвриска одлука на работа:

1. Размислете за тоа што навистина би сакале да промените. Дали постои било што што ве измачува, запира или сакате да го унапредите?

2. Поделете ги целите на помали чекори кои се остварливи и мерливи за да ја одржите мотивацијата и да постигнувате мали успеси постојано.

3. Одберете почетен датум. Не мора да чекате до следниот понеделник, кога ќе ја добиете следната плата и слично, тоа во превод значи никогаш. Вистинскиот момент е токму сега.

4. Поделете ја својата одлука со некој. Секако така ќе стане пореална, подостижна и на некој начин ќе имате и поттик од страна на колегите и пријателите.

5. Бидете подготвени за предизвици. Прифатете го овој септемвриски предизвик и предизвиците кои ќе се појават пред вас во текот на овој процес.. Зошто? Па зошто да не….

6. Следете го својот напредок. Можете во нотесот за состаноци секој ден да бележите кои чекори ќе ги направите, што ве мотивира да продолжите и на тој начин секогаш при рака ќе имате своја цел и нејзиниот прогрес на хартија.

7. Наградете се. Ако сте биле доволно одлучни и истрајни (бидејќи сепак станува збор за самодисциплина и верба во себе), прославете ги вашите достигнувања. Тоа сигурно ќе претставува поттик за нови чекори и победи.

За крај остануваат две прашања. Дали летниот одмор ве инспирирал да завртите нов лист? Или своите одлуки сепак ќе ги чувате за во јануари? Размислете за тоа….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП