19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит во несигурното тргување раст на цените

На Волстрит во несигурното тргување раст на цените

volstrit-berzi

На Волстрит во средата цените на акциите скокнаа за речиси 2 отсто, надоместувајќи дел од загубите од претходните денови, но се тргуваше несигурно поради можните последици од забавувањето на растот на кинеската економија.

Индексот Dow Jones скокна за 1,82 отсто, на 16.351 поен, додека индексот S&P 500 порасна за 1,83 проценти, на 1.948 поени, а индексот Nasdaq се зголеми за 2,46 отсто, на 4.749 индексни поени.

Во сите десет сектори од индексот S&P 500, цените на акциите во средата пораснаа, а најмногу во технолошкиот сектор, благодарејќи на скокот на цените на акциите Microsoft и на Apple, за 3,7 отсто, односно за 4,3 отсто.

Меѓутоа, според аналитичарите, тоа е само корекција на цените на акциите, откако ден претходно паднаа за речиси 3 отсто, а во август за повеќе од 6 отсто, што беше и нивниот најголем месечен пад од 2012 година.

„Овој скок на цените од средата не претставува закрепнување. Тоа е пазарна нестабилност, нервоза, тоа е неможноста да се процени насоката на пазарите. Ваква нестабилност очекувам до октомври“, вели за Reuters Џејк Долархајд, директор во фондот „Longhow Asset Management“.

Остриот пад на цените последните денови е последица од знаците за острото забавување на растот на кинеската економија, што би можело негативно да влијае врз севкупната светска економија.

Покрај тоа, инвеститорите стравуваат и дека американската централна банка (Federal Reserve – Fed) уште во септември, првпат од 2006 година, ќе ги зголеми клучните каматни стапки. Со тоа пазарот би ја загубил поддршката за рекордно евтините пари што со години го поттикнуваше растот на акциите. Сепак, вложувачите се надеваат дека Fed на седницата кон средината на септември, поради потресите на финансиските пазари, би можел да го одложи зголемувањето на каматите до крајот на оваа или почетокот на следната година, додека пазарите не се смират.

На големата претпазливост на инвеститорите укажува и потпросечниот обем на тргувањето. Имено, во средата на американските берзи сопствениците ги смениле 6,7 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните пет дена изнесуваше 9.,1 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП