3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМал интерес за отпис на долговите во Словенија

Мал интерес за отпис на долговите во Словенија

дуг-српски-

Малку повеќе од 700 Словенци поднеле молби за отпис на долговите во првиот месец откако почна да се применува законот за отпис на долговите на најсиромашните.

Законот во парламентот беше прифатен пред три месеца без ниту еден глас против, но беше одбиен предлогот на опозициската Здружена левица отписот на долговите да се однесува на повеќе презадолжени и да се спречи деложација на граѓаните.

Молбите за отпис на долговите се примаат уште два месеца, а право на отпис имаат оние кои во првата половина на ова година примале социјална помош или заштитен додаток, воените ветерани без примања, како и семејствата со многу деца.

Податоците за досега пристигнатите молби говорат дека интересот за отпис на долговите е помал од она на што се сметаше пред усвојувањето на законот, бидејќи владата тогаш наведуваше дека на таа мерка би можеле да имаат право околу 100.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП