2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен осмиот „Пиволенд 2015“

Отворен осмиот „Пиволенд 2015“

pivolendce 3

Осмиот традиционален Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2015“ беше отворен вчера на скопско Кале.

Во рамки на „Пиволенд 2015“ посетителите ќе имаат можност да дегустираат над 50 видови домашни и странски пива, како и да уживаат во големата понуда на македонска традиционална храна од различни ресторани.

Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2015“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи. На сцената ќе ги слушаме: Д.Н.О., Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Тони Зен со бендот Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела и многу други.

Од регионот ќе гостуваат популарниот панк-фолк бенд Бркови од Хрватска, Блендед Бру од Данска, кои оставија огромен впечаток на годинешниот „Баскерфест“ и Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат со над 500 концерти годишно.

За сите посетители влезот е бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП