Индустријата на услуги во Јапонија во август забележа најголем раст за скоро две години, а компаниите покажуваат повеќе оптимизам во поглед на условите за бизнис.
Т.н. индекс на менаџери на набавки (PMI), кој истражувачката компанија „Маркит“ го пресмета врз основа на анкетите меѓу бизнисмените, во август за услужната гранка вредеше 53,7 бодови, што е негово најголемо ниво од октомври 2013-та, пренесува „Ројтерс“.
Во јули овој показател изнесуваше 51,2 бодови. На тој начин петти месец се најде во зоната на растот, односно над прагот од 50 бодови.
Под индексот перспективни активности, овој сектор порасна на 56 бодови и тоа е најдобар резултат од септември 2013-та, а во јули оваа година вредноста е 54,8.
Компонентата која ги мери новите работи (нарачки) малку опадна од 53,2 поени на 52,9 бодови, но покажува се уште солидна побарувачка.
Како што наведуваат од „Маркит“, најновиот показател на активност услужната гранка би можела да „умре“ во стравувањата во поглед на вкупната економија, по разочарувачките разултати на индустриското производство и потрошувачката во домаќинството за јули.
Истиот извор потсетува дека јапонската економија во вториот квартал забележала пад поради слабостите на извозот и приватната потрошувачка, па Владата во Токио смета на обновување на растот во тековниот квартал, потпирајќи се на мерките кои ги превзема со цел за поттикнување на економијата, по децении на стагнација и дефлација.