3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паѓаат, залихите во САД на 80-годишен максимум

Цените на нафтата паѓаат, залихите во САД на 80-годишен максимум

цени-нафта

Цените на нафтата опаднале денес во Азија, по мешовитиот извештај од САД кој укажа на зголемување на резервите, но и на падот на производството на „црното злато“.

Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во октомври поевтини за 45 центи, на 45,80 долари, додека цената на сировата нафта „брент“ се намалила за 38 центи, на 50,12 долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Цените на нафтата пред два дена значително опадна, бидејќи полошите податоци за активностите во САД и Кина ја загрозија перспективата на скокот на побарувачката во тие две земји кои се најголеми потрошувачи на енергенти во светот.

Извештајот на американското Министерство за енергетика покажа вчера дека за една недела заклучно со 28. август залихите на комерцијална нафта пораснале за 4,7 милиони барели на 455,4 милиони барели, што е близу осумдецениски максимум.

Таквиот скок на залихите е значително поголем од прогнозираниот раст на аналитичарите од 900.000 барели. Сепак, производството на сирова нафта е намалено за 199.000 барели на 9,22 милиони барели дневно, додека залихите на бензин се намалени за 300.000 на 214,2 милиони барели.

„Дисбалансот меѓу глобалната понуда и побарувачката останува во фокусот, по објавувањето на најновиот извештај за енергентите во САД“, изјави аналитичарот Санџев Гупт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП