17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lego“ повторно доминира

„Lego“ повторно доминира

Lego

Данскиот производител „Lego“ повторно доминира на глобалниот пазар за играчки – во првиот дел од годината компанијата забелeжa двоцифрен раст на продажбата и профитот.

За растот на „Lego“ најмногу придонеле продажните линии „Jurassic World“ и „Elves“, како и повеќегодишното инвестирање во развојот на азискиот пазар.

Зад „Lego“ се американските производители „Barbie Mattel“ како и „Hasbro“.

„Lego“ наведува дека продажбата во првите шест месеци му пораснала за 23 проценти на 2,1 милијарди долари.

„Mattel“ растел за пет проценти на 1,9 милијарди долари, а „Hasbro“ растел за 0,2 проценти на 1,5 милијарди долари.

Во профитот разликата е уште поголема, „Lego“ скокнал за 27 проценти на 700 милиони долари, „Mattel“ паднал за 54 милиони, а профитот на „Hasbro“ изнесувал 130 милиони долари.

„Lego“ направи бум во Aзија. Нивната мега-фабрика во Кина, по две години изградба, започна да работи со полн капацитет на крајот на 2015 година.

Слабеењето на еврото донело пет проценти раст, а во „Lego“ очекуваат дека, покрај извештаите за падот на кинеската економија, растот на продажбата ќе продолжи да расте по двоцифрени стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП