21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата под 49 долари, поради слабите економски изгледи

Цените на нафтата под 49 долари, поради слабите економски изгледи

nafta 39222

Цените на нафтата денеска беа притиснати од загриженоста за светската економија, на којашто се надоврза стравот дека прекумерното снабдување би можело да потрае подолго отколку што се очекуваше.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта за испораките во октомври падна за 70 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот, на 48,86 долари. На американскиот пазар, пак, со барел нафта се тргуваше по 1,20 долари пониска цена од претходниот ден, од 44,21 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на својата интернет страница објави дека цената на барел од нејзината референтна кошница нафта во вторникот изнесувала 47,77 долар, што значи дека во однос на претходниот трговски ден пораснала за 76 центи.

Расположението на пазарите на акции во средата беше придушено од слабите податоци за производството во Кина, САД и Европа, поттикнувајќи ја загриженоста за глобалниот економски раст. На нафтените пазари главоболка на трговците им задаваше и неочекувано силниот раст на резервите во САД, кои повторно го насочува фокусот кон прекумерното снабдување.

„Пазарот ќе остане прекумерно снабден во 2016-та и во 2017-та година. Цените би требало да останат ниски во подолг период за да се обнови рамнотежата на пазарот. Не постои брзо решение за овој проблем“, вели за весникот Financial Times. Пјер Андуран.

Американскиот институт за нафта (API) објави во вторникот дека комерцијалните резерви на нафта минатата седмица скокнале за дури 7,6 милиони барели. Аналитичарите очекуваа само незначителен раст.

Заситеноста на пазарите, пак, ја предизвикаа високото ниво на американско производство и рекордното снабдување од Блискиот исток, што ги притиска цените. Вниманието сега се свртува кон официјалните американски податоци за резервите и за новите макроекономски показатели, вклучително и вработувањето во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП