20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово средно училиште во Шуто Оризари

Ново средно училиште во Шуто Оризари

suto orizari skolo

Ново средно училиште денеска беше отворено во скопската општина Шуто Оризари, прво во оваа општина.

„Новото средно училиште коешто е прво во општината Шуто Оризари ќе им овозможи квалитетно образование на учениците од оваа општина. Градот Скопје во својот буџет има предвидено средства за опремување на училиштето во кое учениците ќе можат да следат настава за повеќе образовни профили во рамките на здравствената, градежно-геодетската, угостителско-туристичката, економско-правната и трговската струка, како и во личните услуги“, истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Премиерот Никола Груевски, потенцираше дека иницијативата за изградба на средно училиште во Општината Шуто Оризари, потекнала од пратеникот Амди Бјарам. Тој, исто така, рече дека со отворањето на ова средно училиште ќе им се решат долгогодишните проблеми поврзани со образованието на жителите на оваа општина.

Новото средно училиште е со вкупна површина од 4.405 квадратни метри, во кое наставата ќе се одвива во 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП