9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за одбрана го објави решението за прием на првите 125 војници

Министерството за одбрана го објави решението за прием на првите 125 војници

arm 3w3

Министерството за одбрана го објави решението за избор и прием на професионални војници во специјалните единици и другите родови во Армијата.

Како што објави министерот за одбрана, Зоран Јолевски, уште на почетокот на оваа година, во текот на 2015-тa година ќе бидат примени нови 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија. Од Министерството за одбрана соопштуваат дека сега е објавено решението за прием на првите 125 кандидати, со напомена дека вториот конкурс за прием на останатите 125 војници ќе биде објавен наскоро.

Од моментот на објавување на конкурсот, новите професионални војници поминаа низ ригорозен процесот на селекција кој првпат опфаќаше и 24-дневен селективен курс организиран и воден од припадниците на полкот за Специјални операции.

Со ова Армијата на Република Македонија, покажува дека во своите редови ги прима само најдобрите, додаваат од ресорното министерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП