28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple тргнува во поход на Холивуд

Apple тргнува во поход на Холивуд

apple brand

На американскиот технолошки гигант „Apple“ не му е доволно тоа што е најпрофитабилната компанија во својот сектор, па поради тоа ги зголеми своите амбиции и тргна во поход на Холивуд.

Имено, во „Apple“ би сакале да направат свои телевизиски емисии, серии и филмови, а според наодите на списанието „Variety“, веќе оствариле средби и со неколку директори на холивудски студија.

И покрај честите критики за новиот софтвер на „Apple“, акционерите се се уште во благосостојба. Во изминатиов квартал компанијата има остварено 10.7 милијарди долари нето добивка, дури 38 проценти повеќе отколку во истиот период од минатата година, а очигледно Тим Кук веќе знае што ќе прави со тие пари. За следната среда, „Apple“ најавија дека на пазарот ќе пушти нови и подобрени верзии на нивните „TV set-top“ уреди, кои ќе имаат поелегантно куќиште и засилен хардверски пакет – „Apple A8“ чип како и нов далечински управувач, за кој изворите велат дека ќе има драстично подобрување, ќе биде чувствителен на допир и ќе овозможи нови типови на контрола.

Освен тоа, ќе има и поголем простор за складирање на податоци и оперативен систем кој ќе подржува гласовно управување со помош на дигиталниот асистент и навигатор, „Siri“. А новиот и подобар хардвер бара и одговарачки софтвер. Затоа од „Apple“ најверојатно веќе се во потрага за создавање на супериорна телевизиска услуга, која би групирала неколку кабелски канали и би била достапна преку „Apple TV“ уредите. Бидејки од „Variety“ тврдат дека веќе се остварени средби и договори на оваа тема, би можело оваа услуга да се очекува на пазарот веќе од следната година и тоа со почетна цена од 40 долари месечно.

Бидејки сакаат свои премиум телевизиски содржини, неодамна дале единствена понуда за една од најгледаните британски серии „Top Gear“, чии домаќини Џереми Кларксон, Џејсон Меј и Ричард Хемонд се разделија со „BBC“. Сепак од „Apple“ не понудиле доволно висока сума, па конкурентот „Amazon“ ја добил зделката за оваа британска серија за што понудиле 36 милиони долари. Иако со планот „Apple“ да создаде своја телевизиска платформа, таа ќе се доближи на конкуренцијата како што се „Netflix“, „Hulu“ и „Amazon“, сепак ќе мора добро да се потруди за да се зацврсти на и онака веќе преполниот телевизиски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП