16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува работата на излезот на Штип, по кружниот тек се асфалтира сообраќајницата

Продолжува работата на излезот на Штип, по кружниот тек се асфалтира сообраќајницата

стипппп

Општина Штип и Јавното претпријатие за државни патишта продолжуваат со втората фаза од проектот за уредување на влезот во Штип кај локалцијата Кампус 4.

По асфалтирањето на кружниот тек на влезот во Штип во населбата Железничка, во тек се градежни зафати за асфалтирање на сообраќајницата која води до подвозникот до Кампус 4.

„Се поставува нов слој асфалт, а истовремено патот се проширува онолку колку што условите го овозможуваат тоа. Со тоа влезот на Штип при доаѓање од Скопје или Велес, ќе биде среден а сообраќајницата комплетно обновена до јазолот каде се раздвојува патот за Скопје и кон приградската населба Три Чешми. Се очекува до крајот на оваа работна недела да биде асфалтирана ова влезно-излезна сообраќајница “, информираше Драган Ристов, советник за односи со јавност во Општина Штип.

Проектот е вреден околу 10 милиони денари или повеќе од 155.000 евра, а средствата се обезбеднеи преку ЈП за државни патишта.

Во трета фаза предвидена е констуркција на тротоари за што општината има предвидено буџет од над 50.000 евра. Инаку во тек се три тендерски постапки за асфалтирање на локални улици и сообраќајници. Наскоро ќе завршат постапките за асфалтирање на улица „Вардарска“, една од улиците во населба „Балканска“ и улица „Тодор Чучков“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП