5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако од пепелта се издигнаа економските чуда Германија и Јапонија

Како од пепелта се издигнаа економските чуда Германија и Јапонија

stichtagfebruarzwoelf140_v-TeaserAufmacher

Импресивната трансформација на економиите на Германија и Јапонија по поразот во Втората светска војна пред 70 години е наречена – чудо, а остварена е под покровителство на Сојузниците на кои во контекст на Студената војна, економското зајакнување им стана приоритет.

Јапонија во Втората светска војна загуби една четвртина од националното богатство, односно бруто домашен производ, од периодот пред војната, но успеа до 1986 година да се издигне до рангот на другите светски економии со помош на вртоглавиот раст од девет проценти во просек, во периодот од 1955 до 1973 година.

Одличната Јапонија, како што тоа во една статија во 1962 година на јапонски е напишано (Odrokubeki Nihon), во Германија одговара на економско чудо (Wirtshaftsfunder) која уште побрзо ќе се издигне на висока позиција, веднаш зад САД, веќе во крајот на 50-тите години.

Американците, Британците и Французите во 1948 година во три германски зони под своја контрола вовеле германска марка и започнале борба против инфлацијата, а истото било и во Јапонија под контрола на Џозеф Доџ кој го затегна ременот за потрошувачка.

Одлучувачка улога ќе одигра огромната финансиска помош во вид на Маршаловиот план за Европа, што е огромна програма од 13 милијарди долари, претежно донација, при што некогашна Западна Германија добила 1,5 милијарди долари, додека Источна Германија, сојузник на СССР, не користела средства бидејќи Сталин ја одбил американската помош.

Овој значителен износ на пари ја започна економската реконструкција на Западна Германија, но беше само еден од факторите, изјави за АФП професорот по историја на Слободниот Универзитет во Берлин, Арнд Бауеркемпер.

Тој укажа на важноста на индустриската моќ на овие земји во секторот за автомобили, хемија и електроника, како и приливот на работна сила како последица на протерувањето на 13 милиони Германци од Источна Европа по војната, а за излез на земјата од тешката економска ситуација придонесе и бришењето на 60 проценти од германскиот долг во 1953 година во Лондон.

Во текот на „славните 30 години“ од 1946 до 1975 година социјалната пазарна економија и донесе на Сојузна Германија речиси непрекинат период на благосостојба и просперитет, со раст кој се движел околу 7 проценти годишно, невработеноста со падот од 11 проценти во 1950 година, до 0,7 проценти во 1965, што траело се до нафтениот удар во 1973 година.

Јапонското економско закрепнување исто така е чудесно, иако зајакнувањето на економијата се случувало со големите напори, и покрај корејската војна од 1950 до 1953 година, им даде поттик на јапонските компании со големите американски нарачки.

Јапонската влада од 1956 година по заминувањето на окупаторските сили во својата бела книга за економија порача дека помина времето за жалење и дека треба да се засукаат ракавите, а визионерското Министерство за индустрија ги ангажираше банките и претпријатијата.

„Претприемачите сакаа да инвестираат и да пронаоѓаат, беа подготвени да преземат ризик бидејќи чувствуваа дека конечно по долгите години поминати во војна дошле нивните пет минути“, изјави професорот по економија на Универзитетот за управување во Ниигата, северозападна Јапонија, Иван Челишчев, додавајќи дека опкружувањето било поволно, од подготовките на Олимписките игри во Токио во 1964 година, па се до исклучитело „мотивираните и дисциплинирани работници кои сакале да бидат корисни за компаниите“.

Ефектот е дополнително зголемен со уникатниот систем за доживотно вработување, напредувањето според стажот и синдикатите подготвени за соработка, потсети тој.

Овој модел чии ограничувања денес јасно можат да се видат и овозможи збогатување на Јапонија пред тоа да биде прекинато со пукањето на балонот на берзата и пазарот на недвижнини на почетокот на 90-тите години.

Јапонија, денес е трета економска сила на светот (зад САД и Кина) и тежнее да го поврати некогашниот сјај, додека Германија може да се пофали со улогата „локомотива на Европа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП