8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе поставува водовод и канализација на улицата ‘Вардарска’ во Штип

Се поставува водовод и канализација на улицата ‘Вардарска’ во Штип

vardarska

Улицата „Вардарска“ во Штип од средата е затворена за сообраќај, бидејќи екипи на Јавното претпријатие „Исар“ започнаа со подготвителни активности за замена на целата водоводна и канализациона мрежа, а во тек е и тендер за нејзиното асфалтирање.

„Ги извадивме коцките од улицата и почнуваме со копање за да поставиме нова мрежа. И канализационата и водоводната се во должина од 320 метри. Граѓаните ќе имаат подобар притисок, а веќе нема да имаат проблем ниту со канализацијата која се излеваше на самата улица“, рече Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ Штип.

Замената на двете мрежи, значи помал трошок за претпријатието од аспект на честите дефекти на овој дел од градот, но и нудење на поквалитетна услуга на граѓаните : А тоа жителите на „Вардарска“ го чекаат веќе неколку децении :

„Фала му на Бога што на некого му текна да работи на оваа улица. Навистина сме задоволни, затоа што имавме многу проблеми овде“, вели еден од жителите на „Вардарска“.

Инаку, средства за замена на водоводната и канализациона мрежа се издвоени од буџетот на јавното претпријатие, додека асфалтирањето на „Вардарска“ го финансира општина Штип.

Поради обемноста, улицата се реконструира неколку години. Прво беше изграден потпорен ѕид, па следеше поставување на клучните канализациони шахти, а по замената на водоводната мрежа ќе се следи и асфалтирање. Оваа сообраќајница по завршувањето ќе биде алтернатива за брз влез и излез од Штип бидејќи ќе го поврзува центарот на Штип со излезната крстосница „Дујле“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП