4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова пешачко-рекреативна патека ќе се гради во општината Илинден

Нова пешачко-рекреативна патека ќе се гради во општината Илинден

opstinailinden777

Општина Илинден започна со активности за реализација на проектот „Изградба на пешачко-рекреативна патека Марино-Кадино“ во должина од 1.500 метри.

За таа цел изготвена е целосна техничка документација и во моментов во тек е јавната набавка за избор на најповолен економски оператор, односно фирма изведувач на градежните работи.

Изградбата на новата пешачко-рекреативна патека, покрај тоа што ќе ги поврзе населените места Илинден, Марино и Кадино, со вкупно околу 10.000 жители, ќе понуди и нови можности за рекреација, комуникација, заедничкото дружење и рекреативно спортување.

Со проектните активности покрај изградбата на патеката, ќе се изгради и велостипедска патека, патека за ролерки и скејтборди, ќе се постават реквизити за спортување и рекреација, ќе се постави урбана опрема и ќе се изврши уредување на зелени површини во должина на патеката.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 14,5 милиони денари и се планира активностите да бидат завршени до крајот на годината.

Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе во подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците како и поголема безбедност на децата од училишна возраст кои се движат од зоните на домување кон детската градинка, основното и средното училиште како и ќе се придонесе во подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во Општина Илинден.

Овој проект ќе се реализира во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП